Во присуство на пандемија, но со можност за прослава во угостителски објекти граѓаните ќе ја дочекаат Новата 2022 година

Од:

Во присуство на Ковид пандемијата и со полабави мерки граѓаните ќе ја дочекаат новата 2022 година. За разлика од лани, тие годинава ќе имаат можност да ја прослават новогодишната вечер во угостителските објекти.

dobivaj vesti na viber

Даниел Костовски, менаџер во ресторанот „Soul Kitchen Bar“, истакнува дека еуфоријата околу новогодишната прослава е малку поголема.

Во однос на цените на менијата Костовски за МИА рече дека зависат од изборот на гостите околу храната, и дека движат од 900 до 1 000, па и нагоре.

– Одиме на таа варијанта по избор на гостите, желба нивна. Доколку сакаат да склучиме некое мени, цената ќе ја формираме на лице место, така што не сме како класичните ресторани со прослави и мени, тие со неограничен пијалок, во тој стил. Одреден дел од менито е со зголемени цени како резултата на зголемувањето на цените на одредени производи на пазарот, меѓутоа нема драстично зголемување, изјави тој.

Додаде дека рестораните што си имаат и во нормалните денови жива музика, а на гостите се пропознатливи по тоа, кај нив е доста поголем интересот за дочекот.

– Кај нас поголем е интересот за дневните прослави, можеби е тоа така поради тоа што немаме живи свирки, а доста од гостите го знаат тоа и бројот веќе го знаат тоа и бројот на резервации е поголем преку ден, појасни Костовски.

Годината која полека ја испраќаме, ја дочекавме во домашни услови, овојпат угостителските објекти ќе бидат отворени за гостите, но со мерки кои ќе треба да ги почитуваат.

– Без сертификат никако не смееме да дозволиме да седнат гости, така што, средства за дезинфекција мора да има, бројот на гости сега е шест и повеќе, така што, горе-долу, оди на подобро, вели тој.

Од друга страна, дел од туристичките агенции за МИА споделуваат дека заинтересираноста за патување надвор од државата е мала.

– За оние кои сепак се решија Новата година да ја прослават надвор од границите најпосакувани дестинациите се Грција и дел од хотелите во Бугарија, истакнаа за МИА од туристичката агенција Савана.

Без разлика дали во домашни услови, во угостителски објекти или надвор од границите, граѓаните денеска ќе бидат со своите најблиски, што не беше случај со дочекот на годината која измина.

На Плоштадот во Скопје, на репертоарот за новогодишната вечер се „Нокаут“, „Пука Козметика“, „ДНК“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и Диџеј Славе.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства, од кршење на јавен ред и мир, но, пред сѐ, да се воздржат од кршење на протоколите за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

На концерт во Скопје петмина приведени, пронајдена дрога

Катерина Павлова-Николовска

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Викендов трето издание на Скопски градски фестивал

Ана Ололовска

Приведен разбојник баран со потерница за седумгодишна казна затвор

А1он

Посебен режим на сообраќај на 27 и 28 април во Скопје

А1он

Во опожарена куќа во Скопје пронајдена е почината жена

Катерина Павлова-Николовска