Во Прилепско поплавени куќи и помошни простории во шест населени места

Од:

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, дождовите последните 24 часа и наглото топење на снегот предизвикаа поплави на куќи и помошни простории на жителите на шест села во општина Прилеп и општина Долнени.

– Во прилепско последните 24 часа наврнаа 12 литри на метар квадратен и наглото топење на снегот предизвикаа поплави. Поплавени се куќи и помошни простории во три прилепски села: Лагово, Галичани и Ерековци, како и во три населени места во општина Долнени: Белополе, Вранче и Средорек. Поплавен е и дел од патот Прилеп-Крушево кај месноста „Бегова ливада“, изјави Влатко Котекси од Центарот за управување со кризи во Прилеп.

Како што информира Котески, комисии на двете општини се на теренот и вршат процена на штетите, а екипи на Противпожарната единица од Прилеп се во населените места и ја испумпуваат водата од куќите и помошните простории на жителите од поплавените села.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Голема потрага по исчезнатите во поплавите во Тексас

Тексас: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 120, потрагата продолжува по повеќе од 170 исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82