Во Прилеп се одбележуваат 12 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Од:

Кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје  на 8 август 2001 година во заседа животот го загубија  10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот.

Во Прилеп денеска почнуваат чествувањата. Попладне, од 17 часот семејствата на бранителите, соборци, делегации од АРМ, од Локалната самоуправа ќе положат свежи цвеќиња пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев“ и ќе ја посетат спомен собата во кругот на касарната каде се сеќавањата за 10-те прилепски бранители.

Семејствата, соборците и делегациите ќе ги посетат и спомен-обележјето во селото Лениште кај Прилеп и манастирот „Света Петка“ во селото.

Утре, на годишнината, како што е најавено, делегации ќе ја  посетат месноста Карпалак. Во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп ќе се одржи панихида во спомен на загинатите бранители.

Централното чествување за 10-те прилепски бранители ќе биде утре напладне, во центарот на градот, пред споменикот во нивна чест. Утре ќе биде откриен и споменикот „Прилепски бранители“ кој се извишува среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд. Модерно стилизираниот паметник ја симболизира вечноста на спомените и делата на сите прилепски херои.

На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане  Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски,  Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он