Во Прилеп одбележани 19 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак

Од:

Со положување цвеќе денеска напладне пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп се одбележаа 19 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои беа убиени во заседа на армискиот конвој со 120 воени резервисти на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак.

Почит пред споменикот на загинатите искажаа членови на нивните семејства, делегации на претседателот на државата, на Владата предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на Армијата и Генералштабот, на локалната самоуправа, на здруженија, политички партии и граѓани.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, иста е болката и денеска, 19 години по денот кога Прилеп загуби десетмина свои сограѓани. Јовановски порача да не се повторат сеништата од минатото.

-Десеттемина припадници на резервниот армиски состав ги вградија своите животи во зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава. Затоа имињата на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоским Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски вечно ќе останат во колективната меморија на нашите сограѓани, но и на сите кои си ја сакаат татковината, рече Јованоски.

Би можело да ве интересира

Денеска се одбележуваат 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

А1он

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Катерина Ѓуровски

Петровска за Сејдиу: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Дваесет и две години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Катерина Ѓуровски

Владина делегација положи свежо цвеќе во чест на загинатите бранители кај Карпалак

Предраг Петровиќ