А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Прилеп ќе се одржи интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“

by А1он06/10/2016 - 16:38175
Share0

 Во Прилеп од утре до 9 октомври ќе се одржи најновото издание на интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“ на кој ќе настапат учесници од 15-ина земји, беше соопштено на денешната прес-конференција во локалната самоуправа во Прилеп.
 
Како што рече директорот на фестивалот Марјан Катароски, овој музички настан е единствен интернационален детски фестивал во Македонија, организиран од „Естрада мултимедија центар“.
 
– Фестивалот „Ѕвездички“ се стреми да продуцира детски хитови и да направи од децата-учесници нови ѕвездички. Основна цел е да создаде цврсти пријателски врски меѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги оживее во практиката принципите за заедничко живеење, меѓусебната толеранција и разбирањето, како и надминување на културните разлики меѓу децата од целиот свет. Фестивалот е замислен како големо шоу во кое децата од повеќе држави имаат можност да ги покажат своите способности, рече Катароски.
 
Годинава ќе настапат учесници од 15-ина земји, меѓу кои од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија, Италија, Малта, Русија, Белорусија, Литванија, Македонија. Ќе има две полуфинални вечери, кои ќе се одржат на 7 и на 8 октомври, а финалето е на 9 октомври на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“. 
 
Градоначалникот Марјан Ристески денеска се сретна со децата-учесници на фестивало, кој, нагласи, дека секоја година е се помасовен.
 
– Интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“ е една од големите можности да се родат нови музички ѕвезди, но што е многу важно, децата од секаде да се дружат на едно место и да воспостават и трајни пријателски врски, рече Ристески на денешната прес-конференција.

Добивај вести на вибер
pp

Би можело да ве интересира

Партија на пензионери: Да го поддржиме и масовно да учествуваме во пописот

Ана Ололовска26/03/2021 - 09:2526/03/2021 - 09:25

Партијата на пензионери: За три месеци да се одложи предлог законот за трговија на зелените пазари

Ана Ололовска21/12/2018 - 09:19

ПП: Поддршка за донесување на уставните амандмани и измени на Уставот

Ана Ололовска11/11/2018 - 09:48

Партијата на пензионери ги повикува членството и граѓаните на масовно учество на референдумот

Ана Ололовска31/08/2018 - 08:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен