Во пресрет на празникот Курбан Бајрам во Скопје ќе бидат поставени специјални контејнери за органски отпад

Од:

И годинава, во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави посебни контејнери во кои граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад, информираат од Јавното претпријатие.

– Веќе трета година по ред, во пресрет на одбележувањето на празникот Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена – Скопје поставува специјални садови наменети за одлагање на органскиот отпад. И оваа година, во периодот од 19 до 21 јули, претпријатието ќе постави 17 контејнери, на повеќе локации во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај. Апелираме до верниците својот органски отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Контејнерите ќе бидат поставени во Општина Шуто Оризари кај автобуската станица на последна 19-ка, кај маркет Харбин, до подвозникот, во близина на Хамдипашината џамија и кај Спортскиот центар. Во Општина Бутел, пак, контернери ќе бидат поставени во близина на џамијата Фетах Ефенди и во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.

Како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во Општина Гази Баба контернери ќе постават во близина на џамијата Сингелиќ и кај стадионот Гази Баба, во Општина Чаир на поранешна локација на ЈП КХС, во близина на ресторанот Фа-Фа, во близина на новата џамија во Чаир, во близина на Теќето во Дуќанџик, како и кај поранешното седиште на Скопското муфтиство на Кале. Во општина Сарај пак, контернери ќе има кај старата Општина Сарај и во близина на џамијата во Средно Нерези.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија

Ана Ололовска

Мазнева: Блокирањето на програмите на Комунална хигиена во Советот на Град Скопје е реваншизам

Ана Ололовска

„Комунална хигиена“: Заостанат долг може да се плати без камата заклучно со 31 март

Ана Ололовска