Во прекин сообраќајот од село Истибања до Македонска Каменица, се отстранува одронот на патот

Од:

Се уште е во прекин сообраќајот на магистралниот пат виничко село Истибања – Македонска Каменица во близина на селото Калиманци, каде што од утрово екипи на ЈП „Македонија пат“ со три нивни машини,  три машини на градежната фирма „Гранит“ и багер клукач  го отстрануваат големиот одрон од карпи и камења на патот.

Техничкиот директор на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев вели дека најпрво огромните неколку тонски карпи ќе се отстрануваат со багер клукач, кој ќе ги дроби, а потоа со машини ќе се отстрануваат од коловозот.

– На сите патни правци имаме одрони и свлечишта во клисурите, тие се во помал обем, а нашите екипи работат 24 часа и ги отстрануваат. Нема застој на сообраќајот на другите патни правци во источна Македонија, но апелираме возачите да внимаваат и брзината да им е прилагодена кога поминуваат во клисурите, вели Коцев.

Водостојот на реката Брегалница е зголемен, а во штипскиот регион нема излевање на водата од речното корито. Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев за МИА вели дека континуирано се следи состојбата со водостојот на сите реки во општината.

– Во текот на вчерашниот ден и ноќеска немаме излевање на Брегалница низ градот Штип. Речните корита на сите реки во општината навреме ги саниравме и затоа немаме штети, вели Захариев.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска