Во прекин сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Од:

Поради сообраќајна незгода на тешко товарно возило, од 11:20 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Облавце, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, кај Катланово, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, сега е нормализиран.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин „Евзони“ се уште е затворен за сообраќај. Премините „Дојран“ и „Меџитлија“ се отворени за сообраќај.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози