Во прекин сообраќајот на патните правци Скопје-Велес и Кичево-Охрид

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите, соопшти АМСМ.

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Скопје-Велес пред тунелот Катланово, сообраќајот е во прекин за сите видови на возила.

Сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово се одвива отежнато и забавено во долга колона.

Поради големи остатоци од снег на коловозот, во прекин за сите возила е сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Забрани за тешки товарни возила има на патнитe правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, на планинските премини Стража и на патниот правец Буково и Ѓавато. Забрана за камиони има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце.

На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози