Во прекин сообраќајот кон кратовско Каврак и хидросистемот „Злетовица“

Од:

Поради обилни врнежи од снег се уште е непрооден за сообраќај локалниот пат од Кратово до село Каврак, а поради ново свлечиште не се одвива сообраќајот ниту на патот до хидросистемот Злетовица во атарот на село Којково во непосрдна близина на тунелот.

Автомото сојузот на Македонија информира дека се уште се во сила забраните за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка поради остатоци од снег и и на патот Македонски Брод – Прилеп поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река.

На патниот правец Крупиште-Пробиштип кај месноста село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка, Страцин и на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска