Поројниот дожд и надојдените води однесоа дел од патот кај селото Соколарци, Кочанско во должина од стотина метри и длабочина од околу пет метри. Однесен е асвалтниот коловоз и направени се големи влдлабнатини на патот кој е во прекин.
Како што соопштуваат од Макеоднија пат секција Кочани, од предпладнево сообраќајот е пренасочен кон село Чешиново, односно Спанчево и Облешево.
На лице место излегоа надлежните органи и се прават напори за санирање на коловозната лента и нејзино оспособување за сообраќај.