Во пожарот кај селото Моштица изгореа 25 декари нискостеблеста шума

Од:

Во каменичкото село Моштица изгаснат пожарот кој зафати околу 25 декари нискостеблеста шума. Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваше екипа на каменички пожарникари со едно возило.

-Денеска е интервенирано со едно противпожарно возило и четворица пожарникари на гаснење пожар во с. Моштица. Во пожарот опожарени се околу 25 декари мешовита нискостеблеблеста шума, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

Апелираа да не се пали оган на отворен простор, за да се одбегнат какви било опасни последици.

-Да се одбегнува палење оган, бидејќи тоа е со закон забрането. Доколку дојде до појава на пожар апалираме навреме да се пријави за штетата да биде што е можно помала, додадоа од ТППЕ Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип