Во пожарот кај Пепелиште зафатени околу триста хектари

Од:

Во пожарот кај Пепелиште се зафатени околу триста хектари површина, според проценките на пожарникарите на терен, се чека во гаснењето да се вклучи и хеликоптер, попладнево потврди неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Гори трева и нискостеблеста шума.

Претходно, ЦУК информираше дека избувнал пожар кај неготинското село Пепелиште и се шири кон планина Серта, како и дека од Општина Неготино има барање за асистенција од хеликоптер.

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај Пепелиште, во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта. На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две протипожарни возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна проценка, постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прошири во правец на планината Серта, соопштија од Центарот.

Градоначалникот на Неготино доставил до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер, за воздухопловна противпожарна поддршка на противпожарните сили што дејствуваат по земја.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија