Во пожарите што летото ја зафатија земјава изгореа 482 106 метри кубни дрва, штетата е 2 318 091 000 денари

Од:

Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11 420 хектари површината под шума.

Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Северна Македонија изминатото лето.

Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче