Деветгодишно девојче изгоре во пожар

Од:

Деветгодишно девојче изгоре во пожар синоќа во стан во скопската населба Чаир.

Како што соопшти МВР, во пожарот кој околу 23,30 часот од засега непознати причини избувнал во стан на ул.„Емин Дураку“ со телесни повреди се здобиле четири лица кои се пренесени во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Командирот на ППЕ Благоја Менкиновски за МИА изјави дека во гаснењето на пожарот учествувале седум противпожарни возила кои спречиле огнената стихија да се прошири на соседните и на горните станови.

Од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал којшто е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче