Во пожар во стан во Штип повредени пожарникар и полицаец

Од:

Полесно се повредени еден пожарникар и еден полицаец, при интервенција за гасење пожар што се случил во стан на теритиот кат од станбената зграда на улицата „Сутјеска“ во Штип дваесет минути по полноќ. 

Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека пожарникарот се здобил со изгореници на рацете и на челото и е задржан на лекување во штипската Клиничка болница.

– Интенверниравме со две возила и осум пожарникари, пожарот е предизвикан од греалка. Мораме да апелираме до граѓаните да не ги оставаат вклучени грејните тела во текот на ноќта, со цел да не дојде по пожар, апелира Ренџов.

Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова полицаецот вдишал чад, при што веднаш е хоспитализиран во Клиничката болница во Штип.

Таа додава дека истражните органи вршат увид на местото на пожарот, а сопствениците на станот денеска  ги расчистуваат остатоците од изгорената покуќнина.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче