А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во пожар во Прилеп изгоре кат од куќа, тричлено семејство остана без покрив над главата

by А1он18/05/2014 - 14:08128
Share0

Во пожар кој се случи изутрината целосно изгоре кат од куќа на улица „Цане Илиоски“ број 17 во Прилеп. Тричлено семејство остана без покрив над главата.

Добивај вести на вибер

Според командирот на Прилепската противпожарна единица Станко Колески, пожарот бил пријавен во 9:40 часот. Единицата интервенирала со три противпожарни возила и 10-тина пожарникари.

– Пожарот го зафати горниот кат и покривот на куќата. Се е целосно изгорено и уништено. Во куќата кога почнал пожарот, семејството не беше дома. Штетите се огромни, истакна Колески.

Сопствениците, тричленото семејство Свеќароски биле на нива. Пожарот го забележале соседите и им јавиле на семејството Свеќароски.

– Кога стигнавме од нива се обидовме да гаснеме, но се беше залудно. Ни изгоре целата покуќнина. Имав и пари внатре. Сега сме без покрив над главата, рече сопственикот Трајче Свеќароски.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто