А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во пожар во Делчево целосно изгоре објект за чување стока

by А1он18/11/2016 - 11:55104
Share0

Во пожар кој беснееше синоќа во населбата Први реон во Делчево до темел изгоре помошен објект за чување стока. Од СВР Штип информираат дека пожарот е пријавен во 20 часот, а бил зафатен објект за чување стока на месноста Плоскави скали во Делчево.

Добивај вести на вибер

– Увидот на надлежните се уште трае, така што подоцна ќе се знае за причините кои го предизвикале, а засега е пријавена само материјална штета, рече Гордана Панајотова, ПР на СВР Штип.

Според информацијата од Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 23 часот.

– Се работеше за објект со многу горливи материјали. Ние во гаснењето на пожарот учествувавме со шест пожарникари и три специјални противпожарни возила. Не дозволивме пожарот да се прошири, а успеавме да ги спасиме животните кои се чуваа во објектот, истакна Атанасовски.

Тој додаде дека ТППЕ во Делчево оваа година имала 40 интервенции од кои околу 70 проценти се интервенции на отворен простор, при пожари на стрништа, меѓи и шума, додека во помал број се интервенциите на запалени оџаци, помошни простории и куќи.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто