Во пожар во автосервис во Сарај опожарени четири автомобили

Од:

Четири патнички возила се опожарени во пожар што се случил синоќа во автосервис во село Љубин, во скопската општина Сарај.

– На 05.01.2025 во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на А.С.(31) од с.Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на С.А.(51) од с.Сарај и бил користен како автосервис. Повредени лица нема, а во пожарот биле опожарени четири патнички возила кои биле во автосервисот, наведуваат од МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип