Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

Од:

Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга.

Освен пожарникарите од Прилеп и локалното население, на терен е и тимот за брза интервенција на ДЗС и припадниците на доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Дополнително ќе биде утврдено како ќе се гаси пожарот бидејќи се шири во три различни правци надвор од селото.

– Денеска околу 13:30 часот прилепските пожарникари добиле повик дека настанал пожар на отворен простор во близина на селото Чаниште, оддалечено околу 35 километри од Прилеп, со доста лош пат полн со кривини поради што е потребно еден час да се стигне во селото. Пожарникарите веднаш тргнале кон селото, но во моментот кога навлегле во селото пожарот почнал да навлегува меѓу првите куќи. Пожарот навлегол во селото од различни правци што значи дека најверојатно е подметнат бидејќи линијата на огнот била доста долга – изјави Ангелов.

Од оние информации со кои располага, рече дека од огнот има зафатено неколку стари и напуштени куќи и оти можно е да е зафатена и една куќа во којашто живеат возрасни луѓе. Добро е тоа што нема повредени жители и пожарникари.

– По добивањето на информацијата итно го упатив тимот за брз одговор на ДЗС, дваесетина доброволци од Противпожарното друштво Архангел во Битола. Веќе се наоѓаат во селото и помагаат за спречување на ширење на пожарот – рече Ангелов.

Дополнително ќе биде утврдено како ќе се гаси пожарот бидејќи се шири во три различни правци надвор од селото.

Ангелов уште еднаш апелира дека доволна е само искра да настане катастрофа и замолува граѓаните да го пријават секое сомнително однесување. – Деновиве сме затрупани со намерни палежи – потенцира Ангелов.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија