Во пожар изгореа две ковачници во Берово

Од:

Голема матерјална штета предизвика пожарот во Берово кој вчера попладне целосно изгоре две стари работилници- ковачници и зафати уште два објекти за домување. Пожарот во ТППЕ Берово е пријавен во 16 часот, а целосно бил изгаснат во 19 часот.

-Ние реагиравме со три противпожарни возила и седум пожарникари, а масовно во гаснењето се вклучија и граѓаните. Причинета е голема материјална штета, но за среќа немаме жртви и повредени, а причините допонително ќе ги утврдува истрагата. Објектите беа стари, во нив имаше многу лесно запаллив материјал, но успеавме да ги спасиме соседните куќи и не дозволивме да се прошири пожарот, рече командирот на ТППЕ Димитар Букушовски.

Увидот на надлежните за утврдување на причините за пожарот е во тек.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче