Во пожар целосно изгоре училиштето во тетовско Ново Село

Од:

Во пожар што избувна денеска попладне целосно е изгорено ОУ „11 Октомври“ во тетовско Ново Село 2, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во пожарот нема повредени. Опожарено е и едно возило што било паркирано во блзина на училиштето.

Според неговите податоци, директорот на училиштето околу 13:45 часот во полициската станица Камењане пријавил дека гори покривната конструкција од училиштето што било потврдено од полициска екипа која веднаш била испратена на местото на настанот.

Интервенирале три противпожарни возила од тетовската територијална противпожарна единица кои успеале да го локализираат пожарот, но дури откако изгорел објектот.

Во училиштето учат вкупно 217 учениици во 13 паралелки.

Училиштето „11 Октомври“ било целосно реконструирано пред две години.

Би можело да ве интересира

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани