Во понеделник ќе почне проценката на штетите во овчеполскиот регион

Од:

Комисија за проценки на штетите од невремето што завчера го погоди овчеполскиот регион од понеделник ќе излезе на терен и ќе врши проценки.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека комисијата има три тима, кои треба да ги посетат атарите на селата Црнилиште, Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Гурубинци и Ерџелија и околу градот Свети Николе.

Земјоделците пријавиле штети на житните култури, лозовите насади, бостан, тутун и на другите земјоделски култури.

– Комисијата на терен ќе излезе во понеделник. Земјоделците пријавија штети на земјоделските култури, но има и материјални штети и на домовите и фармите, вели Велковски.

Според проценките штетите има на сите земјоделски култури, а над 5.000 хекатри во овчеполскиот регион.

Велковски додава дека од невремето, кое се случи завчера, а беше проследено со град и силен ветар уништена е и кровната конструкција на археолошкиот локалитет „Вила зора“.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост