Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Од:

Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

-Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија, се наведува во објавата.

Претходно, чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа „Х“ објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани.

-Нивната брза реакција и експертиза ја одразуваат силната врска меѓу нашите народи. Нашите мисли остануваат со сите засегнати. Стоиме заедно во солидарност во овие тешки времиња, напиша Лудва во објавата.

Претходно, директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Како што појасни тој, со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Велика Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подготвување на следната фаза – рехабилитација на повредените.

Би можело да ве интересира

Сикорски: Американските гаранции за сојузниците сè во помало пакување, но цената останува иста

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски