Во полошко полицијата за шест месеци открила 1.118 возачи без дозвола

Од:

Полицијата на тетовското подрачје во првите шест месеци од годинава открила 597 возачи без положен возачки испит и валидна дозвола. Бројката на вакви „диви“ возачи фатени во гостиварско во истиот период изнесува 521, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека главно станува збор за лица кои управувале патнички возила, мотоцикли, а неретко се среќаваат зад волан и на комбиња, камиони, па дури и на автобуси. Најголем број од овие лица, појасни, се на возраст од 17 до 30 години од кои не мал број годинава биле и непосредни учесници во сообраќајни несреќи меѓу кои и со посериозни, смртни последици.

Тој најави дека и во следниот период ќе продолжат контролите во чие средиште се возачките дозволи и кои на тетовско-гостиварските простори ќе се спроведуваат со зголемен интензитет и динамика.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 225) за прекршокот управување без возачка дозвола предвидена е парична глоба од 300 евра во денарска противвредност, а исто толку изнесува и глобата за лицата кои ќе ги дадат на користење возилата на тие кои не поседуваат возачка дозвола.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме