Гласачите во Пласница направија цензус, со што е исполнет прагот кој го налага Изборниот законик, на гласање за излезат најмалку една третина од запишаниот број на избирачи. Според пресекот на Државната изборна комисија во 18:30 часот, од вкупно 9.541 гласач, своето право го оствариле 1.959 жители. Тоа значи дека на гласање излегле 39.54 отсто од вкупниот број гласачи.
Во градочалничката трка учествуваа двајца кандидати, Алија Јаоски од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците.
Во Пласница имаше 10 избирачки места, каде сега се пребројуваат гласовите.