Во Пијанечко-малешевскиот регион и по една недела нема нови случаи на Ковид-19

Од:

Во четирите најисточни општини кои потпаѓаат под Пијанечко-малешевскиот регион, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица, веќе седми ден не е регистриран нов случај на Ковид-19. Во моментот во Малешевијата, само еден потврден случај на коронавирус има во Пехчево, додека по оздравувањето на пациентот од Владимирово, во Берово не е регистриран нов случај на коронавирус.

Надлежните од овие две општини информираат дека и покрај ваквата состојба, редовно се преземаат мерки за заштита на населението од појава на евентуални нови случаи на Ковид-19.

– Единствениот позитивен пациент на коронавирус од Пехчево се опоравува и очекуваме негово оздравување, со што нема повеќе да имаме позитивни случаи на коронавирус. За да продолжи ваквата состојба, продолжуваме со стандардните мерки за заштита меѓу кои дезинфекција на просториите во сите јавни институции, здравствените домови, јавните површини меѓу кои паркови, влезови во колективни станбени живеалишта и слично, истакнаа надлежните.

Во општините од Пијанечкиот регион, Македонска Каменица и понатаму останува една од ретките општини каде од избивањето на пандемијата нема регистриран случај на коронавирус.

– Овде се вршат сите стандардни мерки за заштита, кон кои се придржува населението. што сметаме дека беа клучен фактор, пандемијата да ја одмине нашата општина, велат одговорните лица за справување со пандемијата.

Во Делчево состојбата исто така е стабилна. Освен единствениот пациент кој пред повеќе од месец дена беше регистриран во оваа општина кој за жал почина од компликации од други болести, индиции за нови случаи надлежните засега немаат регистрирано.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ