Во Петровец, братот на градоначалникот незаконски ископувал суровини, поднесена му е кривична

Од:

Кривична пријава од полицијата е поднесена против Драган Митевски, сопственик на „Аце транс“ и брат на градоначалникот на Петровец, Борче Митевски. Тој се сомничи дека сторил кривично дело незаконска експлоатација на минерални суровини. Градоначалникот Борче Митевски за „А1он“ прво кажа дека нема кривична пријава, а откако му укажавме дека има потврда од МВР за стореното кривично дело, негираше дека неговиот брат ископувал минерални суровини. Од МВР за „А1он“ велат дека Драган Митевски се гони бидејќи го организирал ископот и транспортот на минералните суровини.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(62) од Скопје и две правни лица од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела незаконита експолатација на минерални суровини. На 26.2.2021 во Скопје, на локација на поранешен рудник за минерални суровини во месноста на Катлановска Брезницa, во општина Петровец, Д.М. преку правните лица организирал ископ и транспорт на минерална суровина, при што со работна машина багер-ровокопач било ископано поголемо количество на минерална суровина – мешавина од доломитизиран варовник и кварцит“, велат од МВР за „А1он“.

Градоначалникот Борче Митевски, за кривичната пријава против Драган Митевски, кој се гони за незаконско ископување од општината со која тој раководи, вели дека ако имало кривично дело, камионите на неговиот брат ќе биле конфискувани.

„Нема кривична пријава. Мојот брат е Драган Митевски, 62 години, точно. Се совпаѓаат податоците. Ако имаше кривична пријава ќе ги собереа камионите, багерите, сè. Пред десет дена тоа се затвори од МВР и од стопански криминал, со записници. Не постои копање песок, не постои ништо. Камионите кои се водат на ‘Аце транс’, сопственост на брат ми, се пуштени од станица уште пред 10 дена. Негираме дека ископувал минерални суровини во Петровец, а тие што тоа го пишаа наредниот ден се извинија“, кажа градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.

Откако му укажавме дека полицијата веќе потврдила дека има кривична пријава против лице Д.М., тој вели: „Првпат слушам дека има кривична пријава, јас знам дека тоа е затворено, дека не постои пријава“. Прашан кој е неговиот став, дали неговиот брат има сторено кривично дело, градоначалникот Митевски вели: „Ако имаше кривично дело требаше камионите да му ги соберат, сфаќаш, и да ги конфискуваат и да ги однесат во Идризово, депото. Не знам дали има кривична пријава“.

Градоначалникот на Илинден, Борче Митевски, кој е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, смета дека е ова е притисок против него. Тој вели дека ова не е првпат, и дека и лани имало ваков случај и вели: „Ќе се издржи. Како може да има кривична пријава, а да нема дело?“.

„Пред десет денаво полициска станица се однесени празен камион и камион товарен со земја, за што има и записник и сè комплет. Дојде инспектор, дојдоа да го видат материјалот, констатираа дека е земја и за три дена возилата се пуштени со записник дека нема предмет“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Скопјанка нападната во хотел во Петровец од поранешното момче

СДСМ: Градоначалникот на Петровец осомничен за злоупотреба на половина милион евра

Отстранета бетонската база што ги загадуваше Петровец и околината

Од утре патарина може да се плати без застанување

Маја Илиевска-Пачемска

Пренасочен сообраќајот кај Петровец поради сообраќајка

Наум Локоски

Ограбена бензиска пумпа во село Дељадровце

Наум Локоски