Во петок законите за МВР, Влада и медиумите пред пратениците

Од:

Усогласувањето на измените во законите за МВР, Влада и за медиумите, одеа овој пат полесно.

Во петок на собраниска седница ќе се гласаат законските измени кои четирите партии ги договорија минатата недела. За преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада.

Треба да се изгласа суспензија на Законот за внатрешни работ односно одложена примена (од 1 јануари 2017) , а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во раководните структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по по хоризонтална линија.

Во петок треба да се изгласаат и измени во Законот за медиуми и да се воведе петчленото ад-хок тело, составено од партиски предлози, а треба да ги контролира објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите.

Доколку се оди според договореното, на 31.август ќе се одржи лидерска средба , кога, ако се костатира дека условите за фер и демократски избори се исполнети, предремените парламентарни избори би можеле да се одржат на 11 декември. Тоа значи дека Собранието треба да се распушти на 10 октомври.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање