Во петок и во сабота ќе се прска против комарци

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата авионска и терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот ќе почне во петок (авионско) и во сабота (терестрично), од 5.30 до 8 часот.

„Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2014 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.09.2014 до 17.09.2014 (од сабота до среда), во период од 23.00 до 04.00 часот, наредниот ден“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, од градот информираат дека авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје