Во петок „Граѓански синдикален марш“ против поскапувањето на струјата од Чаир до Собрание

Од:

Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ), предводена од Гоце Делчев Тодев, за овој петок од 18 часот најави Граѓански синдикален марш, кој ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

„Цел на организирањето е со 10-20 возила и стотина граѓани, да се изрази негодување и револт за постапката и иницијатива за покачување на струјата. Движењето на возилата на учесниците кои ќе го поддржат овој настан е според најавената маршута,“ информираат од КСОМ.

За потсетување, протест против одлуката за поскапување на електричната енергија денеска најави и ВМРО-ДПМНЕ, кој е вториот во серијата тематски протести кои ги планира партијата.

Би можело да ве интересира

Ќе има зголемување на цените на земјоделските производи

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Цените на становите пораснале за 25 отсто во четвртиот квартал

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски