А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во периодот јануари-јуни екипите на ЈП „Комунална хигиена“ собрале над 74 илјади тони комунален отпад од домаќинствата

by А1он26/08/2018 - 09:45138
Share0

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во периодот јануари – јуни 2018 година собраа и транспортираа вкупно 74.301 тон комунален отпад од скопските домаќинства, или просечно по 411 тони дневно.

Добивај вести на вибер

Направени се 14.649 тури, односно во просек по 81 тура дневно. Во однос на 2017 година количеството на собран и транспортиран отпад во 2018 година е поголемо за 1.887 тони, како и бројот на турите кој е погoлем за 340 тури.

Во овој период, тие расчистија и 855 кубни метри диви депонии составени од градежен шут, земја, гранки и отпадоци, на територијата на општините Гази Баба, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Бутел. Од страна на Еко-патролата дополнително беа откриени и расчистени 485 кубни метри разновиден комунален отпад на повеќе локации низ градот.

Во Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош беа расчистени 300 тони кабаст отпад насобран во акциите за чистење на скопските општини во текот на изминатите три години. Во таа насока, Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираа граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад) да го одлагаат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари, што претпријатието го нуди без наплата. Доколку граѓаните имаат потреба подигањето на отпадот да се изврши со специјалните возила на претпријатието, услугата може да ја побараат на бесплатната телефонска линија – 080022233 и истата изнесува 893 денари со пресметан ДДВ.

Во периодот јануари – јуни 2018 година вкупно 207 дотраени контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар беа заменети со нови садови за отпад на 38 локации во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и во Кисела Вода.

За поефикасно работење на јавното претпријатие набавени се две возила – едно товарно моторно возило кипер со капацитет на сандакот до 10 кубни метри, со вградена кранска рака, како и едно специјално возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, што ќе се употребува од страна на специјализираната Служба за хуман третман и контрола за заловување на бездомните кучиња коишто се транспортираат во стационарот „Вардариште“.

skopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен