Во Пехчево за четири години инвестирани 4,6 милиони евра

Од:

Во изминативе четири години во Општина Пехчево се реализирани 116 проекти во вредност од 4.600.000 евра, информираше градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски во својот отчет за четиригодишниот мандат во општината.

Потенцира дека за овој временски период во општината се поставени нови стандарди на локално раководење.

– Во програмата има 66 проекти, а реализирани се 116 проекти. Се реализираа многу проекти што го разубавеа нашето место, од секоја сфера на општественото живеење. Би сакал да издвојам неколку позначајни проекти во нашата општина – во Пехчево е изграден нов градски плоштад, туристичката населба Равна Река има урбанистички план и е електрифицирана, старата училишна зграда е комплетно реконструирана и е во фуккција на дисперзираните гимназиски паралелки, изградено е мултинаменско игралиште во Пехчево, рече Поповски.

Во градот Пехчево досега се асфалтирани три улици кои се најзначајни во сообраќајната комуникација, а во моментов се асфалтираат уште пет. Изграден е и рекреативниот центар Барски еко систем Езерце, направен е авантуристички парк „Панорама“, во село Негрево е направен Едукативен центар за зачувување на природата единствен во Источно-планскиот регион. Во секое село, рече, има направено една или повеќе улици, реконструирани се подрачните училишта, а во некои села се направени нови канализациски мрежи.

Вкупната должина на направената патна мрежа во општината е 15 километри, а канализациската и водоводна мрежа е во должина од 10 клометри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово