Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово наскоро центар за обука на дефектолози, наставници и родители

Од:

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово ќе почне со работа единствениот ресурсен центар за североисточниот регион, најавија денеска на прес- конференција, надлежните од основното училиште.

Во ОУ „Браќа Миладиновци“ функционираат паралелки за деца со посебни потреби во кои работат девет дефктолози кои на ниво на општина Куманово можат да ги обучат наставниците, родителите.

– Дефектолозите ќе учествуваат во работата на ресурсниот центар, а од 1 април, почнуваат на ниво на основното училиште „Браќа Миладиновци“. Ќе работат со децата кои се во редовните паралелки, а се инклузивни, изјави денеска директорката на ОУ „Браќа Миладиновци“, Марина Манојловска.

Ресурниот Центар подразбира соработка на дефектолозите од основните и средните училишта. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ обучените дефектолози со над 20 годишно искуство ќе работат со наставниците и ќе ги обучуваат како да им пристапат на децата со посебни образовни потреби.

– Реално добар дел од предметните наставници не се подготвени да работат до деца со посебни образовни потреби. Преку овој ресурсен центар, тие ќе се обучат. Потоа активноста ќе се прошири на ниво на општина Куманово, како и на североисточниот регион, изјави Манојловска.

Дефектологот Марина Илиќ Пешиќ истакна дека целта на Ресурсниот центар е да се стави на услуга на граѓаните и на родителите на децата со посебни образовни потреби, а пред се на дечиња со посебни образовни потреби во Куманово.

Во општина Куманово речиси во сите основни и средни училишта има вработено дефектолози.

– Како граѓани го поддржуваме процесот на инклузија. Мораме да напоменеме дека токму бројот на дефектолози никогаш не е доволен. Секогаш мора да се има во предвид дека на таквите дечиња им е потребна некоја доополнителна помош. За таа цел дефектолозите од нашево училиште ќе бидат на располагање да организираат работилници за наставниците од целиот регион, рече Илиќ-Пешиќ.

Од училиштето ги повикаа родителите кои имаат деца со посебни образовни потреби прво да ги разгледаат условите за работа во посебните паралелки, каде што учат овие ученици, а можат да се одлучат и за редовното образование во училиштето.

Инаку, во посебните паралелки во „Браќа Миладиновци“ настава следат 50-тина ученици од прво до деветто одделение.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра