Во општина Маврово Ростуше легализирани 1.360 дивоградби

Од:

Во општина Маврово Ростуше легализирани се 1.360 дивоградби или 30 отсто од вкупно доставените барања. Во двата рока, во секторот за управување со градежно земјиште при општина Маврово Ростуше, поднесени се 4.590 барања за легализација на дивоградби.

– Во првиот рок, во 2011 година, според Законот за легализација на дивоградби, поденсени беа 3.775 барања од кои до сега позитивно решение добиле 1.300 подносители. Во вториот рок, по усвојувањето на измените и досполнувањата, од крајот на 2015 до 31 март 2016 година, поднесени се 815 барања, од кои се 60 решени, изјави Харис Ибраими, советник во Секорот за управување со градежно земјиште во општината.

Тој додаде дека мал број се во постапка, додека останатите не може да се процесуираат бидејќи се некомплетни, речиси сите се без геодетски елаборат.

Ибраими потсети дека за барањата поднесени во периодот до 2011 година, рокот изминува на 31 декември годинава, додека крајниот рок за легализација на објектите за кои барања се доставени во периодот 2015/2016 година, е 31 декември 2017 година.

Како и да е, нагласи, Ибраими, подносителите на барања не треба да го чекаат последниот ден за тоа, туку навреме да ги докомплетираат барањата.

Би можело да ве интересира

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода