Во општина Илинден донесени 1.800 решенија за легализација на дивоградби

Од:

Општина Илинден досега издаде 1.800 решенија и согласности за легализација на дивоградбите. До општината за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти беа поднесени вкупно 6.200 барања.

Општината подготвува посебни известувања за оние граѓани кои досега не ги комплетирале документите, особено оние што се уште немаат поднесено геодетски елаборати, во кои ќе ги информира дека согласно измените на Законот за легализација имаат рок од 18 месеци да ја комплетираат потребната документација.

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните општината реализираше и серија советувања на тема „Легализација на дивоизградени објекти”. На средбите граѓаните имаа можност директно да се запознаат со постапките и чекорите за легализација и да се информираат за разрешување на проблемите што произлегуваат од досегашната имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Општината најавува дека ваквите трибини и советувања ќе продолжат и во иднина.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство