Во општина Ѓорче Петров ќе се поставуваат подземни контејнери

Од:

Советот на општина Ѓорче Петров на денешната седница донесе одлука за меѓуопштинска соработка со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ за поставување подземни контејнери.

– Подземните контејнери општината Ѓорче Петров ги прави заедно со Град Скопје и со ЈП „Комунална хигиена“, при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери, истакнал градоначалникот Сокол Митровски на денешната седница на Советот.

Со поставување на овие подземни контејнери, како што соопшти општина Ѓорче Петров, се нуди подобро решение за одложување на комуналниот отпад, кој се одложува под земја при што е исклучена можноста да се расфрла од кучиња или мачки скитници и нема ширење миризба.

Општината Ѓорче Петров за оваа намена ќе обезбеди 2,2 милиони денари од својот буџет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје