Во општина Гевгелија вработени 9.148 лица, а 691 активно бараат работа

Од:

Според последниот извештај на Центарот за вработување во Гевгелија, во општина Гевгелија се вработени 9.148 лица, додека 691 лице се заведени како активни баратели на работа. Од нив 270 се жени, а најголем број активни баратели на работа (506) се од градот Гевгелија.

Според образовната структура на активните баратели на работа, 240 лица се неквалификувани, 12 се полуквалификувани, 128 се квалификувани,188 се среднисти, 16 имаат вишо образование, 104 завршиле високо образование, а шест баратели на работа се магистри, велат од Центарот за вработување во Гевгелија.

Нешто помалку од половината односно 303 активни баратели работа чекаат од еден месец до една година, а останатите на подолго време. Во евиденцијата на Центарот за вработување-Гевгелија, 403 лица се водат како други лица кои бараат работа во други региони, општини и населени места. Од пасивните баратели на работа во општина Гевгелија,180 се жени.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски