На вториот изборен круг за избор на градоначалник на петтите по ред локални избори во
Македонија, во општина Богданци до 10 часот одѕивот на гласачкото тело е 11 отсто. Тоа
значи дека од вкупно евидентираните 6.977 граѓани со право на глас, во првите три часа од
почетокот на гласањето своето граѓанско право го искористиле 751 гласач.
Од Општинската изборна комисија известуваат дека изборниот ден започна точно навреме,
регуларно, во сите 10 избирачки места во општината, од кои 6 во Богданци, две избирачки
места се отворени во Стојаково, а по едно во населените места Селемлија и Ѓавото.
Во текот на вчерашниот ден гласале 203 болни лица, од евидентираните 206. Двајца не се
наоѓале на пријавената адреса на живеење, а едно лице било починато. Инаку, бројот на болни
лица од првиот до вториот изборен круг во Богданци пораснал за нови 45 лица. Гласовите на
оваа категорија граѓани ќе бидат додадени заедно со сумирањето на резултатите по истекот
на гласачкиот ден, соодветно во изборната единица каде што припаѓаат според Единствениот
избирачки список.