А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во општина Битола отворени сите 170 избирачки места

by А1он27/04/2014 - 09:15145
Share0

Во општина Битола утрово во 7 часот почна изборниот процес за денешниот втор круг од претседателските избори и за предвремените парламентарни избори.

Добивај вести на вибер

Од Општинската изборна комисија (ОИК) информираат дека изборите се реализираат на 170 избирачки места каде граѓаните одлучуваат за кандидатите за претседател на државата и за 14 листи со кандидати за пратеници од изборната единица број 5.

– За вториот круг од изборите за претседател на Република Македонија, според единствениот избирачки список право на глас имаат 82.588 лица, додека во изборот на идни пратеници во Собранието на Република Македонија учествуваат 82.211 лица. Овие податоци се различни затоа што затворањето на Единствениот избирачки список беше направено во различно време, изјави Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.

Во текот на вчерашниот ден во битолскиот затвор право на глас имаа 48 затвореници кои се на единствениот избирачки список за претседателски избори и 74 затвореници на единствениот избирачки список за предвремените парламентарни избори. Во текот на вчерашниот ден ОИК-Битола овозможи гласање и на болните лица кои од здравствени причини не беа во можност да излезат на гласање во текот на денешниот ден

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен