Во општина Аеродром во тек јавен повик за поддршка на граѓански организации

Од:

Во општина Аеродром во тек е Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.

Повикот, како што информираат од општината, е наменет за граѓанските организации, кои ќе предложат иновативни проекти за подобрување на соработката меѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. За таа цел апликантите задолжително треба имаат партнер локална самоуправа или центар за регионален развој.

Повеќе информации за отворениот јавен повик може да се најдат на интернет страницата на проектот lokalnademokratija.mk, а пријавите може да се доставуваат најдоцна до 24 декември на мејл адресата [email protected].

Главна цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанските организации во јавните политики на локално ниво.

Јавниот повик се реализира во рамки на проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија“, кој го спроведуваат Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Запален „цитроен“ во скопски Аеродром, од пожарот опожарено е и возило „киа“