Во Охрид, Струга, Дебар и Кичево запленети над 28 илјади парчиња пиротехнички средства

Од:

Полицијата од Секторот за внатрешни работи од Охрид во пресрет на престојните новогодишни празници спроведува интензивни и засилени контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање пиротехнички производи.

Во рамки на таквите активности биле спроведени акции во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што биле пронајдени и одземени 28.075 парчиња најразновидни петарди и низа други разновидни пиротехнички средства, нелегално набавени и наменети за понатамошна продажба.

Најголемиот дел од нелегално поседуваните пиротехнички средства биле сокриени во подрумски и други простории по домовите, а помал дел во продавници за продажба на прехранбени производи и во патни торби.

Како што се наведува во соопштението од СВР – Охрид, станува збор за широк арсенал на пиротехнички средства почнувајќи од петарди „Пират“, кружни петарди „Магнум“, шлек, мач-крекер, силвер-крекер, бомби „Денобосо“, како и лансери за ракети со можност за инсталирање на различен број ракети.

Од СВР – Охрид информираат дека благодарение на преземените мерки на подрачјето на општина Охрид евидентиран е пад на нелегалната трговија со пиротехника и пиротехнички средства. Така, минатата година беа пронајдени и одземени околу 30 илјади нелегално набавени за продажба пиротехнички производи додека во 2010 година, само во Охрид и Струга беше пронајден арсенал од близу 70 илјади пиротехнички средства. Паралелно со овие мерки, полицијата од СВР – Охрид, презема и превентивни и едукативни мерки со цел запознавање на граѓаните, особено на децата, за опасностите на пиротехничките производи по здравјето на луѓето.

Инаку, против сите правни и физички лица каде е пронајдена нелегалната пиротехника, СВР Охрид ќе поднесе соодветни прекршочни и кривични пријави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on