Во Охрид „Средба со Иван Точко“ по повод 99 годишнината од неговото раѓање

Од:

По повод 99 годишнината од раѓањето на охридскиот писател Иван Точко, утре во Охрид ќе се одржи „Средба“ на која ќе биде претставен дел од неговото творештво.

Средбата со делото на Точко, што истовремено е замислена како реализација на активности насочени кон оживување на спомените на подзаборавените охриѓани кои оставиле белег во животот на градот, ќе се одржи на пладне во КИЦ „Култура 365“.

Иван Точко е роден на 9 јануари 1914 година во Охрид. Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“. Потоа следуваат бројни раскази, минијатури и новелети, а својата творечка активност ја завршува како драмски писател со неговата последна драма „Под Акропол“ издадена во 1973 година. Неговиот живот завршува трагично истата година, во сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум