А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Охрид ќе се гласа за четири кандидати за градоначалник

by А1он18/02/2013 - 14:28218
Share0

До Општинската изборна комисија во Охрид се доставени четири листи со кандидати за функцијата градоначалник на Охрид и 11 листи со кандидати за членови на идниот состав на општинскиот совет.

Добивај вести на вибер

Според информациите од ОИК, за функцијата градоначалник ќе се борат Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Ристески од Социјалдемократската унија на Македонија, Александар Митрески кандидат на Социјалдемократската партија на Македонија и Фетах Елмаси од ДПА.

Политичките партии поднеле вкупно шест листи со кандидати за членови на советот на општината и тоа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Јованка Точко, на Демократска обнова на Македонија предводена од Лета Филипова, листата на Демократската унија за интеграција ќе ја предводи Мустафа Џафер, на Демократска партија на Албанците – Васфи Доко и носител на поднесената листа од партијата Национална демократска преродба е Агрон Речи.

Претходно од страна на група избирачи беа поднесени пет листи со кандидати за членови на советот со носители на листи – Павел Попоски, Љупчо Настоски , Александар Станкоски, Кујтим Усеини, Зоран Стевоски.

Поднесените листи се доставени до Комисијата за верификација на факти и од 22. февруари потврдените листи ќе се достават до ДИК за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.

На претстојните локални избори закажани за 24. март на територијата на општина Охрид ќе се гласа на 72 избирачки места.

izbori

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто