А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во обвинителствата се водат три постапки по пријави на австриската фирма за која пишуваше амбасадорот

by А1он28/06/2023 - 15:1428/06/2023 - 15:43365
Share0

Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма AMMA Import Export GmbH (AMMA), за кои во отворено писмо до медиумите вчера алармираше и австрискиот амбасадор, информираат денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки, по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Од ЈОРСМ, појаснуваат дека наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело – Измама и Злоупотреба на службена положба.

– Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје, информираат од ЈОРСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во меѓувреме, истото правно лице поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители.

– Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења, велат од ЈОРСМ.

До Основното јавно обвинителство Скопје, пак, истото правно лице на 23.06.2023 година поднесе кривична пријава против неименувани службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за Несовесно работење во службата, Фалсификување службена исправа и Компјутерски фалсификат.

– Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

avstrija ambasadorjavno obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли по сомнежите дека гостиварци пиеле загадена вода

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:4217/07/2026 - 13:05

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:47

Го користел владиниот авион за приватни потреби, обвинителен предлог за екс директорот на СОЗР Пече Мирчески

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 11:33

Го избодел татко му повеќе од 30 пати, Обвинителстовто бара пратвор за убецот од Чаир

Катерина Ѓуровски14/07/2026 - 12:4714/07/2026 - 12:48

Обвинителен акт против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:12

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:1001/07/2026 - 14:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео