Градинка во Свети Николе не згрижи 110 деца поради вработена со симптоми на Ковид-19

Од:

Децата од објектот Клон 1 во рамките на градинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе денеска не беа примени, бидејќи вработена во установата имала симптоми на Ковид-19. Градоначалникот Сашо Велковски вели дека се информирани родителите на децата. Инаку во овој објект денеска требаше да бидат згрижени 110 деца.

– Во овој објект поради појава на симптоми на КОВИД-19 на една од вработените во градинката која ги извршуваше подготвителните работи за прием на дечињата, а во согласност со Протоколот и алгоритамот од Министерството за труд и социјална политика за постапување, бевме принудени денеска да не ги отвориме вратите за прием на дечињата во Клон 1. Додека не добиеме официјални резултати од тестирањето на вработената и епидемиолошка слика за нејзините контакти, овој објект нема да го пуштиме во функција, вели Велковски.

Тој истакна дека од денеска во рамките на градинката ги отвориле вратите за дечињата од Клон 2, каде што биле пријавени вкупно 41, а утринава се донесени 26 деца, додека во село Лозово од пријавените 15, само девет се донесени од страна на родителите.

– Здравјето и заштитата на нашите најмили и на вработените ни е во прв план, особено во вакви чувствителни моменти, вели Велковски.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов