Во новите договори за автопатите владата предвидува плус 10% за непредвидени работи

Од:

Изградбата на новите автопати Скопје – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид ќе се реализира со исклучитено поволен кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, 5 години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени, изјави на попладневната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорот и врски Миле Јанакиески. Ова биле одлуките донесени на денешната седница на владата.

Изградбата на автопатите, според Пешевски и Јанакиески, ќе придонесе за севкупниот економски развој на државата, првенствено нови работни места за македонските граѓани и многу работа за градежниот сектор во наредните четири години, период во кој ќе трае изградбата. Владата, како што рекоа двајацат министри, ги усвоила законите за реализација на инфраструктурните објекти за автопатските делници и предлог-договорите со градежната компанија.

Јанакиески информира дека главниот изведувач на градежните работи ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49 проценти од предвидените работи, а исто така и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата треба да ангажираат минимум 51 процент македонски државјани.

Со усвојувањето на законите и официјално почна процедурата за реализација на проектот за изградба на автопатите за коишто постапката почна во март минатата година на средбата на македонскиот и кинескиот премиер. Тогаш македонската Влада беше информирана дека кинеската држава има ставено на располагање 10 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти во Источна и Централна Европа.

Македонија е првата држава која што ќе успее да искористи дел од оваа кредитна линија и целата постапка што е водена од тогаш до сега, односно траеше долго една година, е водена целосно во согласност со меѓународните договори што ги имаме потпишано со Народна Република Кина, но истите дополнително беа засилени од наша страна со цел да се обезбеди поголема транспарентност и поголема конкурентност во процесот со цел да дојдеме до поевтина и што поатркативна понуда за изградба на овие патиштата – рече Пешевски.

Првиот автопат што ќе се гради на релацијата Скопје-Свети Николе-Штип ќе чини 206 милиони евра, а автопатот Кичево-Охрид 374 милиони евра. Во договорт има и одредба со која се предвидени 10 проценти за дополнителни непредвидени работи.

Проектот, како што рече Пешевски, ќе биде финансиран десет проценти со пари од македонската Влада, 90 проценти преку исклучително поволен кредит од страна на кинеската Ексим банка. ,,Условите на кредитот се навистина многу атрактивни. Се работи за кредит со рок на враќање од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од само 2 процентни поени на годишно ниво,, – изјави Пешевски.

Министерот Јанакиески информира дека автопатот Скопје-Штип ќе биде во должина од 53 километри со ширина од 29 метри, односно ќе има по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Рокот за изградба на таа автопатска делница е три години. Автопатот Кичево-Охрид, пак, во должина од 56,7 километри, ширина од 27,5 метри, треба да биде изграден за 45 месеци.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата