Во Никозија средба Попоски – Касулидес

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес на маргините на 127. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која се одржа денеска во Никозија во рамките на кипарското претседателство со Советот.

Како што соопшти МНР, на средбата министрите разговараа за европските интеграциски процеси и важноста на истите во моменти во кои излегувањето на една земја членка може да ги засени прашањата за понатамошно проширување.

– За Рeпублика Македонија е значајно Кипар, како земја-членка на Европската Унија, да биде поддржувач на интеграцијата на сите земји од Балканскиот Полуостров, што ќе придонесе за релаксирање на односите во регионот и намалување на веројатноста за судири или ескалирање на националистичка реторика, било истакнато на средбата, наведува во соопштението МНР.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Воспоставени дипломатски односи со Република Кипар

Ана Ололовска

Попоски: Од утре сме опозиција, ќе бидеме различни од вас

А1он

Попоски на форумот „Еден појас, еден пат” во Пекинг

Наум Локоски