Во несреќен случај почина седумгодишно дете од тетовско

Од:

Седум годишно дете од тетовското село Вратница починало откако најверојатно врз него паднала метална врата од ограда, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според досегашните првичните информации случајот во полиција бил пријавен од вработени во тетовската Клиничка болница каде во 19 часот и 45 минути било донесено безживотното тело на седумгодишното дете. Според информациите од болницата дежурниот лекар само ја констатиран смртаа на детето кое имало и обилно крварење од главата.

Првичните и неофицијални информации велат дека детето се здобило со повредите во главата додека заедно со уште едно девојче си играле на металната врата од ограда на нива во близина на продавница во Вратница. Во еден момент вратата од засега неутврдени причини се откачила и паднала врз дететео. Девојчето веднаш повикало двајца луѓе од продавницата кои ја подигнале вратата и го зеле детето што имало сериозни повреди на главата по што со возило се упатиле кон Тетово, но за жал тоа по пат починало.

– По овластување на јавен обвинител увид на местото до несреќаат ќе врши екипа на СВР Тетово чиишто службеници го обезбедуваат местото од каде треба да се подигнат тргаи за вештачење за целосно расчистување на случајот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Автомобил влета во група луѓе во Штутгарт

А1он

Се преврте багер, загина малолетник

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

Катерина Ѓуровски

Кој е Васко Саздовски – Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад?

А1он

Воз прегази скопјанец кај булеварот „Србија“

Катерина Ѓуровски