А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Неготино отворено советувалиште за брак и семејство

by А1он08/10/2014 - 13:24187
Share0

Во Неготино денеска беше отворено советувалиште за брак и семејство кое ќе работи во склопот на Центарот за социјална работа во овој град.

Добивај вести на вибер

Директорката на Центарот Роза Јаневска се заблагодари на Владата и Миннистерството за труд и социјална политика што вакво советувалиште се отвора во градот, но и на градоначалникот на Неготино за отстапената просторија.

– На граѓаните им нудиме нова социјална услуга. Ние и претходно работевме на оваа проблематика со семејства во кои има нарушени односи, но, сега ќе понудиме и нив пристап со цел надминување на нивните проблеми, рече Јаневска.

Таа нагласи дека советувалиштето е отворено и за сите други граѓани, а овде, рече, ќе се реализираат и предбрачни совети, совети за малолетнички бракови, како и превентивни програми.

– Сакаме здрави и квалитетни семејства кои се столб на општеството, додаде Јаневска.
Отворањето на Центарот го поздрави и градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов.
– Од една страна ја поздравувам оваа хумана иницијатива на Центарот, а од друга страна посакувам стручните тимови да имаат што е можно помалку работа бидејќи бракот и семејството се светост и треба да ги негуваме и одржуваме, рече Апостолов.

negotino

Би можело да ве интересира

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски31/10/2025 - 10:2831/10/2025 - 10:50

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски29/10/2025 - 10:4329/10/2025 - 10:51

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Горан Наумовски10/10/2025 - 08:32

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

Горан Наумовски10/10/2025 - 08:23

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Горан Наумовски09/10/2025 - 21:45

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Горан Наумовски07/10/2025 - 15:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен